Објавено на: 12 февруари 2019
Вонр. проф. д-р Искра Шукарова: Одржана уметничка резиденција на вонр. проф. д-р Искра Шукарова во Берлин. Во периодот од 5 до 9 ноември 2018 година, вонр. проф. д-р Искра Шукарова престојуваше во Берлин како дел од проектот Пасаж 23“Е инициран од страна на ИТИ Германскиот центар на Интернационалниот театарски институт (www.iti-germany.de). Целта на овој проект беше продлабочување на соработката помеѓу земји од Источна Европа и Германија. Престојот беше подржан од Министерство за култура на Р. Македонија.
За време на резиденцијата вонр. проф. д-р Шукарова беше вклучена и во активностите на Миме центарот во Берлин и проследе танцова програма како дел од едукативниот центар Танцфабрик.
Од 11 до 15 ноември 2018 година како дел од активностите продожи програмата Номад ту Номад како дел од НВО Номад Танц Академија Македонија и ФМУ-УКИМ каде овој пат гостуваa како предавачи Чарлс Слендер Вајт и Лијан Бурнс од САД-Сан Франциско. Тие работеа со студентите при ФМУ – Скопје, од катедра за балетска педагогија - современ танц. Главната цел на програмата Номад ту Номад е да овозможи видливост на катедрата за балетска педагогија при ФМУ – Скопје, низ прикажување на танцов процес во соработка со реномирани педагози и кореографи од странство. Досега како дел од оваа иницијатива се реализирани неколку успешни перформанси на Шукарова како професор при ФМУ - Скопје и кореографи од странство како “Проект М” со Грегор Каминикар од Словенија и „Чудна Шума“со Урсула Еагли од САД. Изведбата на перформансот РеПлатформа е приказ на 5 дневниот едукативно уметнички процес/соработка помеѓу студентите од ФМУ-УКИМ и предавачите од САД.