Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Вонр. проф. д-р Соња Здравкова-Џепароска објави авторски текст во реномираното списание Rес Humanitariae

Објавено на: 03 мај 2019

Вонр. проф. д-р Соња Здравкова-Џепароска објави авторски текст со наслов „Fоlkore, Dance in the Context of Modeling Ideological  Messages “ во бројот 24 на реномираното списание Rес Humanitariae издание на Клаипеда Униварзитетот од Литванија. Ова е прв текст од македонски автор кој е публикуван во ова списание со што се постигнува афирмација на македонската култура и наука во пошироки европски рамки. Списанието  обработува теми од сферата на антопологијата, етномузикологијата, етнокореологијата и изведувачките практики.