Објавено на: 08 јули 2019
Искра Шукарова, кореограф и вонреден професор при ФМУ, катедра за балетска педагогија, во периодот од 7 до 11 мај 2019 година присуствуваше на Балтичката танцова платформа во Вилниус – Литванија. Шукарова беше поканета на регионалниот состанок на мрежата Global Practice Sharing (GPS) каде таа е член од нејзиното основање. Оваа мрежа има за цел да развива соработки помеѓу САД и земји од Источна Европа. Оваа година регионалниот состанок на мрежата се одржa во Вилниус, каде се прикажаа најдобрите продукциии од Балтичките земји во сферата на современиот танц. Платформата е насловена New Baltic Dance (http://www.newbalticdance.lt).
Во домен на соработки на полето на современиот танц Шукарова има реализирано успешни соработки со кореографи од Балтичките земји, конкретно од Рига - Латвија кои продолжуваат во насока на танцовата едукација. Посетата во Вилниус ќе овозможи нови соработки насочени кон новата програма за танцова едукација Nomad to Nomad иницирана од страна на Шукарова во соработка со ФМУ.