Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Нови тенденции / нови автори и две нови кореографии на вонр. проф. д-р Искра Шукарова за делото „Езгија“ за соло флејта од Гоце Коларовски, и „Тик-Так“

Објавено на: 08 јули 2019

На 4 јуни 2019 година на малата сцена на НОБ се одржа презентација на програмата за балетска педагогија - современ танц при Факултет за музичка уметност во Скопје. Како дел од програмата на оваа вечер беа прикажани нови дела и тенденции на современата танцова сцена кај нас. Со прикажувањето на новите современи танцови дела се отвора нов аспект на оваа студиска програма каде студентите под менторство на вонр. проф. д-р Искра Шукарова се насочени кон идејни креации и изведба на новите дела. Презентацијата на 4 јуни беше прва од овој вид каде се прикажаа нови концепти и изведба на истите од страна на студентите како дел од предметот композиција на современ танц. Воедно вонр. проф. д-р Искра Шукарова освен како ментор на студентските дела се претстави и со свои кореографии на делото Езгија за соло флејта од Гоце Коларовски, и Тик-Так.