Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

„Отворен ден 2019“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Објавено на: 19 август 2019

Се известуваат сите заинтересирани кандидати дека на 22.8.2019 година (четврток), ќе се одржи манифестацијата „Отворен ден 2019“ во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во рамки на манифестацијата ќе бидат презентирани студиските програми од прв, втор и трет циклус студии на сите единици на УКИМ, вклучувајќи го и Факултетот за музичка уметност – Скопје и заинтересираните кандидати ќе имаат можност да добијат конкретни информации за запишувањето, студирањето и начинот на студирање на единиците на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Настанот ќе се одржи на плоштадот „Македонија“, со почеток од 18 до 22 часот.

Целата манифестација ќе може да се следи и на социјалните мрежи.