Објавено на: 11 септември 2019
С О О П Ш Т Е Н И Е
На ден 17.9.2019 (вторник), со почеток во 17:00 часот, на Факултетот за музичка уметност - Скопје, ќе се одржи одбрана на теорискиот труд од докторската дисертација на кандидатката м-р Огненка Герасимовска, со наслов „Аспекти на влијание на мелодијата врз репродуктивниот процес спроведено низ делото Концерт за пијано и оркестар од академик Властимир Николовски“.
Одбраната на теорискиот дел од докторската дисертација ќе се одржи пред комисија во состав:
проф. д-р Томе Манчев,
проф. д-р Волфганг Манц,
проф. д-р Викторија Коларовска - Гмирја,
проф. д-р Марија Ѓошевска,
проф. м-р Тодор Светиев.