Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Известување согласно мерките и активностите за превенција од ширење на корона вирусот

Објавено на: 10 март 2020

Почитувани,

Факултетот за музичка уметност - Скопје, го запира одвивањето на наставниот процес во тек на наредните 14 денови.

Факултетот за музичка уметност - Скопје, согласно мерките и активностите за превенција од ширење на корoнa вирусот, ќе биде затворен заклучно со 24.3.2020 година.

Веќе закажаните испити со учество на поголеми ансамбли (хор, симфониски оркестар, гудачки и дувачки оркестри), се одлагаат.

Веќе закажните индивидуални испити ќе бидат од затворен карактер (кандидат, соработници, комисија), без публика.

Во прилог ви го доставуваме Известувањето бр. 03-415/1 од 10.3.2020 година, од Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

ФМУ - Скопје

Izvestuvanje za merki i aktivnosti protiv korona virus.pdf