Објавено на: 29 јуни 2020
Како изгледа танцовата педагогија и пракса во областа на современиот и модерниот танц, во новонастанатите услови кои ги наметна пандемијата на Covid 19?
Кои и какви формати откриваат и развиваат младите танчери и балетски педагози, во соработка со нивните професори и ментори?
Како еден од можните одговори на овие прашања, ви го претставуваме Бојан Мицев, апсолвент на катедрата за балетска педагогија-програма за современ танц на ФМУ при УКИМ, и неговата дипломска работа по предметот "Композиција на современ и модерен танц", која тој ја разви под менторство на проф. д-р Искра Шукарова.
Денес ви го претставуваме Бојан Мицев и неговата дипломска работа. Уживајте во креативноста на Бојан!
Истражувачка работа по предметот Композиција на современ и модерен танц при ФМУ - УКИМ, катедра за балетска педагогија (современ танц)
Ментор Проф. Д-р: Искра Шукарова
Изведувач: Бојан Мицев IV год
Локација: Археолошки локалитет „Баргала„ – Штип
Музика: Петар Илич Чајковски „Лебедово Езеро“ 1 чин
Тема на истражување:
СЛОБОДА
Истражувањето започна со задача да ги пронајдам моите точки на интерес во танцовата композиција, односно што е она што сакам да го истражувам во танцот. Насловот и темата се изградија пропратно во текот на истражувањето за на крај да се обликува во видео формат со тема слобода – односно слика за денешната слобода во која живееме. Го започнав истажувањето со појавата на вируот COVID19, која сеуште трае, и бев приморан да го користам исклучиво внатрешниот простор во домот во кој живеам, за да ги истражувам танцовите форми.
https://www.youtube.com/watch?v=IEhIQfosYSc&t=2s&fbclid=IwAR1-aVJHSV-0nZb78sbPVfMD4Qe33xU-TuH4cc5ol2MBrFAbCahCKLxkzPs&app=desktop#menu
Лимитиран во однос на просторот, со затворени очи, преку вдишување и издишување пробував да го најдам почетниот ритам во истражувањето за да тргнам во новиот истражувачки процес. Со минимални движења го освестував секој дел од телото. Движењата започнуваат од внатре кон надвор, актуализирајќи го внатрешниот ритам на телото. Целосно им се предадов на движењата, правејќи различни форми со телото во лимитираниот простор во мојот дом. Ми беше инспирација да ги употребам птиците како симбол за слобода, односно папагалите и кафезот во кој живеат како слика за реалната општествена ситуација во која се наоѓаме.