Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии

Објавено на: 13 јули 2020

УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ

http://ukim.edu.mk/dokumenti_m/Konkurs-I-ciklus_2020_2021.pdf

ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на
www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во
пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Рокови за кандидатите:
прв уписен рок: 31.8. и 1.9.2020
втор уписен рок: 15 и 16.9.2020
трет уписен рок: 28.9.2020

Проверка на знаења и умеења:
за прв уписен рок: 2.9. 2020
за втор уписен рок: 18.9.2020

Објавување прелиминарна ранг листа:
за прв уписен рок: 7.9. 2020
за втор уписен рок: 23.9.2020

Објавување конечна ранг листа: 
за прв уписен рок: 9.9. 2020
за втор уписен рок: 24.9.2020

Запишување на кандидатите:
во прв уписен рок: 10. и 11.9. 2020
во втор уписен втор рок: 25.9.2020
во трет уписен рок: 01.10.2020

Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, во роковите утврдени според Конкурсот, со испраќање на електронска пошта  на следниот e-mail:
upisi-fmu@ukim.edu.mk

Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал
системот за електронско пријавување.

Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:
1. пријава за запишување(образец А1)
2. електронска пријава(од iKnow-системот)
3. оригинални свидетелства од сите класови
4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
5. извод од матичната книга на родените
6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
7. потврда за уплатa:
 
 Административната такса во износ од 50,00 денари
(Образец ПП 50:Назив на примачот: Трезорска сметка Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161;Конто 722313 00)

 1000 денари на жиро-сметката на факултетот (Образец ПП 50: Назив на примачот: Буџет на РСМ, УКИМ- Факултет за музичка уметност-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Сметка на буџетски корисник - единка корисник: 1600104332 788 16 Приходна шифра и програма 723013 41) 

За приемните испити по инструмент (вклучително пијано за МТП), заедно со целосната скенирана документација, кандидатите задолжително да испратат и линк од видео снимка прикачена на YOUTUBE каналот, на e-адресата:

upisi-fmu@ukim.edu.mk

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е
уредно поднесена.

Факултетот за музичка уметност на огласната табла на Веб страната ќе ги објави дополнително роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поденесат оригиналните
документи за пријавување и за запишување.


*Кандидати со завршено средно образование во странство 
При пријавувањето, кандидатите доставуваат:
- пријава за запишување (образец А1)
- електронска пријава (од iKnow-системот)
- нострифицирано свидетелство за завршено средно образование,
- заверен превод на изводот од матичната книга на родените
- уверение за здравствената состојба (издадена од З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје)
При пријавувањето, кандидатите странски државјани поднесуваат и сертификат за успешно положен тест по македонски јазик како странски јазик издаден од Центарот за тестирање и сертифицирање на македонскиот јазик како странски/втор јазик (ЦЕТИС МАК) при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. 
Странските државјани – студенти на Универзитетот го задржуваат истиот статус до дипломирањето.
Овие кандидати се пријавуваат на електронската адреса evdokijailijevska@ukim.edu.mk во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во роковите утврдени со Конкурсот.
Во прилог на приjавата, треба да ги прикачат (во Attach File) скенирани горенаведените документи.

*При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:
1. индекс, студентска легитимација и пријавни листови
2. три фотографии (две фотографии со димензии 3,5х4,5 и една со димензии 2х3)
3. потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите
на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со назнака ИКСА на УКИМ, Факултет за музичка уметност), на жиро-сметката 100000000063095 депонент: НБРСМ, со
сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723012, програма 41.