Објавено на: 13 јули 2020
УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ
http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/Konkurs_II_ciklus_2020_2021.pdf
Рокови за пријавување и запишување:
Пријавување на кандидатите
Прв уписен рок 30 септември – 15 октомври 2020
Втор уписен рок 1 февруари – 1 март 2021
Запишување на кандидатите
За прв уписен рок 20-23 октомври 2020
За втор уписен рок 3 - 5 март 2021
Документи за пријавување и запишување:
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска пошта на следниот е-mail:
upisi-fmu@ukim.edu.mk
Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.
Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:
- пријавен лист за запишување;
- електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk)
- оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
- куса биографија (CV);
- потврда за активно познавање странски јазик;
- потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00)
- препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи;
- изјава за првична согласност од потенцијалниот ментор;
- Потврда за уплатени 50 евра во денарска противвредност за пријавување на втор циклус студии (Образец ПП 50: Назив на примачот: Буџет на РСМ, УКИМ- Факултет за музичка уметност-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Сметка на буџетски корисник - единка корисник: 1600104332 788 16 Приходна шифра и програма 723019 41)
НАПОМЕНА:
Кандидатите кои не го завршиле првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност-Скопје, потребно е да достават и програма во која ќе бидат наведени сите изведени композиции со кои ги полагале испитите по инструмент или соло пеење во текот на студирањето, односно насловот на дипломската работа. Програмата треба да биде заверена со печат од факултетот каде кандидатот ги завршил студиите.
Кандидатите со завршен прв циклус студии надвор од земјата задолжително мора да достават и ОДЛУКА за признавање на високообразовната квалификација стекната во странство, издадена од Министерството за образование и наука.
Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена и дека пријавата е уредно поднесена.
Факултетот за музичка уметност на својата огласна табла на Веб страната дополнително ќе ги објави роковите во кои кандидатите ќе треба да ги поднесат оригиналните документи за пријавување и за запишување.
При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:
- индекс и пријавни листови
- две фотографии (3,5х4,5)