Објавено на: 24 септември 2020
Почитувани студенти,
Во продолжение може да ги погледнете конечните ранг листи за запишување.
Воедно ве известуваме дека на 25ти септември 2020 година, во периодот од 10.00 до 12.00 часот, задолжително треба да ги поднесете оригиналните документи за пријавување и за запишување во Одделението за студентски прашања при ФМУ – Скопје.
Потребни документи за пријавување:
- Пријава за запишување (образец А1), се купува во книжарници
- Електронска пријава (од iKnow-системот)
- Оригинални свидетелства од сите години од средното образование
- Документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
- Извод од матичната книга на родените
- Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
- Потврда за извршена уплатa:
- Административната такса во износ од 50,00 денари
(Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161; Конто 722313 00)
- 1000 денари на жиро - сметката на факултетот (Образец ПП 50: Назив на примачот: Буџет на РСМ, УКИМ - Факултет за музичка уметност - Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Сметка на буџетски корисник - единка корисник: 1600104332 788 16 Приходна шифра и програма 723013 41)
Потребни документи за запишување:
- Индекс и студентска легитимација (уредно пополнети со целосни податоци);
- Образец за запишување на зимски семестар;
- Образец за потребите на Завод за статистика - ШВ.20 (се купува во книжарници);
- Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
- Изјава за увид во студентско досие (ќе ја добиете во одделението за студентски прашања);
- Потврда за уплатена прва рата школарина: 6150,оо денари (100 евра), за студентите примени во државна квота или 12.300,оо денари (200 евра), за студентите примени со кофинансирање на студиите;
- Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
- Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
- Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;
- Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на следнава жиро сметка
- цел на дознака: ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност
- жиро сметка: 100000000063095
- депонент: НБРМ
- сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
- приходна шифра 723012, програма 41.
Во прилог на ова соопштение може да ги погледнете и жиро сметките за уплата на сите трошоци.
Заради заштита на сечие здравје, ве молиме да се почитуваат Протоколите за постапување во услови на ковид-пандемијата. Документите ќе се поднесуваат исклучиво на шалтерот на Одделението за студентски прашања. Секој студент задолжително треба да носи маска, на влезот на Факултетот да ги дезинфицира рацете и по поднесувањето на документите да не се задржува во холот на вториот спрат од Факултетот.
За подетални информации, во тек на работното време обратете се на е-адресата: studentskiprasanja@fmu.ukim.edu.mk
Ви благодариме на разбирањето и ви посакуваме добро здравје и многу успех во текот на студирањето.
Факултет за музичка уметност – Скопје