Објавено на: 10 ноември 2020
На 10-ти ноември 2020 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје беа промовирани добитниците на годишните награди за најдобри научници и уметник на УКИМ за 2019 година. Меѓу наградените се двајца професори на Факултетот за музичка уметност – Скопје: вонр. проф. д-р Трена Јорданоска (научник во подрачјето хуманистички науки) и проф. м-р Љубиша Кировски (уметник). Промоцијата се одржа како дел од традиционалното одбележување на Светскиот ден на науката за мир и развој за кое Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје реализираше повеќе активности.