Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Конкурс за втор циклус студии, во вториот уписен рок од учебната 2020/2021 година

Објавено на: 08 јануари 2021

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2020/2021

 

СЕ ИЗВЕСТУВААТ СИТЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ КАНДИДАТИ ДЕКА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ЌЕ СЕ ВРШИ ОД 1.2.2021 – 1.3.2021 година.

ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ од 3.3.2021 до 5.3.2021 година.

Потребни документи за пријавување:

  • пријавен лист за запишување студенти, со уплата за административна такса од 50 денари;
  • електронска пријава (испечатена од веб страната www.upisi.ukim.mk);
  • оригинален документ за завршен завршен прв циклус студии (уверение или диплома);
  • куса биографија;
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку кандидатот има);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи;
  • потврда за уплатени 50 евра во денарска противвредност

Бројот на слободни места по студиска програма е објавен на следниов линк:
http://ukim.edu.mk/dokumenti_m/Konkurs_II_ciklus_2020_21_II_rok.pdf 

Целиот Конкурс за запишување на студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2020/2021 година е објавен на веб страната на Универзитетот, на следниов линк: http://ukim.edu.mk/dokumenti_m/Konkurs_II_ciklus_2020_2021.pdf 

 

Дополнителни информации:

!          Кандидатите кои не го завршиле првиот циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје, потребно е да достават и програма во која ке бидат наведени сите изведени композиции со кои ги полагале испитите по инструмент или соло –пеење во текот на студирањето, односно насловот на дипломската работа. Програмата потребно е да биде заверена со печат од Факултетот каде кандидатот ги завршил студиите; 

!          Кандидатите со завршени прв циклус студии надвор од Република Северна Македонија, задолжително мора да достават и Одлука за признавање на високообразовната квалификација стекната во странство, издадена од Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија.

 

  • Сите заинтересираните кандидати задолжително мора да се најават во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на следнава веб страна: www.upisi.ukim.mk