Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Известување за средба со матурантите од средните музички училишта

Објавено на: 23 април 2021

Факултетот за музичка уметност - Скопје организира средба со матурантите од средните музички училишта од Битола, Штип и Тетово за да им ја претстави својата дејност и да ги запознае со процесот на полагање приемни испити. Средбата е закажана за 28 април (среда) 2021 година со почеток во 15 часот преку платформата Zoom.

Средбата со матурантите од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ ќе биде закажана дополнително.

За учество на средбата матурантите ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се пријават кај своите класни раководители или педагошко-психолошката служба на училиштето.

На средбата пријавените учесници треба да се приклучат со своето име и презиме и со вклучена видеокамера.

Линкот за приклучување дополнително ќе им биде пратен на пријавените учесници.