Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Конкурс за запишување на студенти на втор циклус студии (магистерски студии) на Факултетот за музичка уметност - Скопје

Објавено на: 02 септември 2021

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА

ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ (МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ)

НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ – СКОПЈЕ,

ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ОД УЧЕБНАТА 2021/2022 ГОДИНА

 

 

Рокови за пријавување и запишување на втор циклус студии, во првиот уписен рок од учебната 2021/2022 година:

 

 

Прв уписен рок

Пријавување на кандидатите

  20 до 29.9.2021

Запишување на примените кандидати

  1 и 4.10.2021

 

Пријавувањето на кандидатите се врши електронски со регистрирање во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на веб страната www.upisi.ukim.mk и со испраќање на електронска пошта на следниов e-mail: upisi-fmu@ukim.edu.mk

Во електронскиот систем за уписи и на наведената маил адреса, задолжително треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:

  • пријавенлист за запишување на втор циклус студии (се купува во книжарници);
  • електронска пријаваод Iknow системот;
  • оригинален документ за завршен прв циклус студии - диплома или уверение (странските државјани, задолжително прикачуваат и Решение за признавање на високообразовна квалификација стекната во странство, издадена од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија);
  • извод од матична книга на родените;
  • доказ за државјанство;
  • куса биографија (CV);
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи;
  • потврда за уплатa:

- Административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50:Назив на примачот:Трезорска сметка Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161;Конто 722313 00) и

- 3075 денари за пријавување за упис на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје (Образец ПП 50: Назив на примачот: Буџет на РСМ, УКИМ- Факултет за музичка уметност-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Сметка на буџетски корисник - единка корисник: 1600104332 788 16 Приходна шифра и програма 723019 41)   

По проверката на доставената документација, кандидатите ќе бидат известени дали нивната пријава е прифатена.

 

Во прилог на ова соопштение може да го погледнете целиот Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2021/2022 година.

 

* Роковите за физичко доставување на наведените документи за пријавување, дополнително ќе бидат објавени.

 

 

 

Konkurs_II_ciklus_2021_22.pdf