Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Активности на проф. д-р Искра Шукарова во периодот јуни-септември 2021 година

Објавено на: 17 септември 2021

-проф. д-р  Искра Шукарова беше дел од годишната конференција на мрежата Номад Танц Академија од 24 до 29 јуни Белград каде оддржа своја практична работилница;

-проф. д-р Искра Шукарова во периодот од 5 до 9 јули гостуваше како предавач на Ерасмус плус програмата на Конзеваториум за Музика и балет во Љубљана. На крај на престојот таа имаше финална презентација на припремената програма на студентите која се оддржа пред уметничкиот директор на Љубљанскиот национален балет Ренато Занела;

- во периодот од 19 до 25 јули се оддржа онлајн уметничка резиденција и фестивал MOVING ARTS LAB во Њујорк - САД каде проф. Шукарова предаваше мастер клас и зема учество како кореограф;

-на 24 јули се оддржа проекција и премерна презентација на делото МЕСТО НА СРЕЌАВАЊЕ во Охрид од визуелниот уметник Христина Пулејкова каде проф. Шукарова ја креираше кореографијата за мултимедијалното дело со тема од екологијата;

-проф. д-р Искра Шукарова гостуваше во Рига - Латвија на интернационалниот фестивал за современ танц LAIKS DEJOT 2021 каде премиерно го прикажа делото ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНА ЦИРКУЛАЦИЈА на 19 август во Eduarda Smilga Theatre. Воедно проф. Шукарова од 20 до 23 август оддржа мастер клас за студентите на Латвиската академија на културата.