Објавено на: 07 октомври 2021
Во знак на одбележувањето на 55-годишнината на ФМУ, на јутјуб каналот на БузАр е поставено уште едно видео во кое е претставен професор од оваа најзначајна високообразовна институција од Македонија. Во видеото од циклусот Доајени е претставена пијанистката Евушка Трпкова Елезовиќ, еден од првите студенти на вокално-инструменталните оддели на ФМУ (во тоа време Висока музичка школа) и декан на ФМУ во мандатниот период 2005–2009 година. Видеото го изработија студентите на одделот по сонологија со мултимедија раководени од професорите Димитрије Бужаровски и Трена Јорданоска. Сценариото за ова видео беше подготвено од студентот Томе Спасовски, а неговата реализација беше изведена во 2013 година.