Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Во знак на 55 години ФМУ, снимки од настапи на професорите Живко Фирфов, Стојан Димов и Рита Трпчева-Поповиќ со дела на Димитрије Бужаровски во Концертната сала на ФМУ во 2005 година

Објавено на: 10 ноември 2021

Архивот БузАр продолжува со поставување аудио и видео снимки на професорите и студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје во знак на 55 години ФМУ. Со поставувањето на Варијациите за соло чело на тема на песната Параходот од Димитрије Бужаровски, во изведба на Живко Фирфов на 15 април 2005 година во концертната сала на ФМУ, е отворена уште една YouTube плеј-листа за солистичките и камерните дела на Димитрије Бужаровски.

 

Со поставувањето на суитата Зојкиниот стан оп. 39b за алт саксофон и пијано од Димитрије Бужаровски на јутјуб каналот на БузАр, се претставени уште двајца професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје – Стојан Димов и Рита Трпчева-Поповиќ. Оваа суита е напишана според музиката на Димитрије Бужаровски за драмите Зојкиниот стан од Михаил Булгаков и Марка од Васе Манчев, поставени во Драмскиот театар во Скопје.