Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Свечен концерт на 6 декември во чест на Денот на Факултетот за музичка уметност – Скопје и одбележувањето на 55 години од неговото основање

Објавено на: 02 декември 2021

Свечениот концерт во чест на Денот на Факултетот за музичка уметност – Скопје и одбележувањето на 55 години од неговото основање ќе се одржи на 6 декември во Фоајето на НУ Национална опера и балет на 6 декември (понеделник) со почеток во 20 часот.
Настапуваат студентите од класите на проф. м-р Марија Муратовска Наумовска, проф. д-р Драган Даутовски, проф. м-р Зорица Каракутовска, проф. м-р Нинослав Димов, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р Весна Ѓиновска Илкова, проф. м-р Фросина Балова, проф. д-р Соња Здравкова-Џепароска, проф. д-р Искра Шукарова, вонр. проф. м-р Дарко Багески, вонр. проф. д-р Кристина Светиева, вонр. проф. м-р Сара Пројковска, доц. м-р Андријана Јаневска, м-р Бобан Ковачевски.

Влезот е слободен. Заради ограничениот број на седишта потребна е резервација на тел. 3134-345 во работни денови од 8 до 16 часот или на fmu@fmu.ukim.edu.mk заклучно со 6 декември 16 часот.


Настанот се одржува според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска во затворен простор.
Ве молиме, почитувајте ги мерките за заштита.