Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Програма „Musica Viva за деца“ (#2) – Музичка сликовница, Тома Прошев – студенти од класата на проф. м-р Зорица Каракутовска

Објавено на: 10 декември 2021

Вториот дел од програмата „Musica Viva за деца“ ја претставува Музичката сликовница (1959) од композиторот, долгогодишен професор и поранешен декан на Факултет за музичка уметност, Тома Прошев (1931–1996). Седумте става на Музичката сликовница оригинално напишани за пијано, за потребите на оваа програма се прилагодени во изведба за хармоника. Подготовката на изведбите и реализацијата на снимките се под водство на проф. м-р Зорица Каракутовска. Настапуваат студентите Виктор Кулески, Милош Кировски и Дарко Кулевски од прва година од нејзината класа.
 
Програмата „Musica Viva за деца“ е дел од научно-истражувачкиот проект бр. NIP.UKIM.20-21.14 на ФМУ – Скопје поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Проектот опфаќа реализација и објавување снимки со изведби на студентите на Факултетот за музичка уметност на YouTube каналот на ФМУ – Скопје. На програмата се дела на македонски и светски композитори чиишто јубилеи се одбележуваат во 2021 година.
 
 
 
 

Тома Прошев
Музичка сликовница (1959)
(оригинално напишано за пијано со изведба прилагодена за хармоника од проф. м-р Зорица Каракутовска)


Моето коњче
Виктор Кулески – хармоника, I година
Класа: проф. м-р Зорица Каракутовска

 

Осаменото дете
Милош Кировски – хармоника, I година
Класа: проф. м-р Зорица Каракутовска

 

Палавко
Виктор Кулески – хармоника, I година
Класа: проф. м-р Зорица Каракутовска

 

Тага за ластовичките
Дарко Кулевски – хармоника, I година
Класа: проф. м-р Зорица Каракутовска

 

Пролетен ветрец
Милош Кировски – хармоника, I година
Класа: проф. м-р Зорица Каракутовска

 

Дворецот од минатото
Виктор Кулески – хармоника, I година
Класа: проф. м-р Зорица Каракутовска

 

Игра во поле
Дарко Кулевски – хармоника, I година
Класа: проф. м-р Зорица Каракутовска