Објавено на: 27 декември 2021
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ
ЗАВЕРКАТА НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ИСПИТИТЕ ЗА ЗИМСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА 2021/2022, ЌЕ СЕ ОДВИВА ПО СТУДИСКИ ГОДИНИ, ВО ПЕРИОДОТ ОД 11-ти ДО 14-ти ЈАНУАРИ 2022 ГОДИНА.
- 11.1.2022 – ДОСТАВУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА СТУДЕНТИ ОД I ГОДИНА
- 12.1.2022 - ДОСТАВУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА СТУДЕНТИ ОД II ГОДИНА
- 13.1.2022 - ДОСТАВУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА СТУДЕНТИ ОД III ГОДИНА
- 14.1.2022 - ДОСТАВУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА СТУДЕНТИ ОД IV ГОДИНА И ОСТАНАТИ СТУДЕНТИ ЗАПИШАНИ ПРЕД УЧЕБНАТА 2017 ГОДИНА
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- образец за заверка на семестар (се пишуваат СИТЕ предмети кои биле запишани во изминатиов зимски семестар)
- пријави за испити, уредно и целосно пополнети*
* Студентите ги пријавуваат испитите кои ги положиле преку колоквиуми во овој семестар и испитите кои ќе ги полагаат во оваа испитна сесија, а за кои оствариле право на потпис од предметниот професор.
**Ве молиме пријавите да бидат претходно пополнети, бидејќи нема да биде дозволено задржување во холот на факултетот, поради запазување на здравствените протоколи.
Електронското пријавување на испитите во Iknow системот ќе биде активно од 10-ти до 13-ти јануари 2022 и е задолжително за сите студенти.