Објавено на: 07 јуни 2022
Концертот со оркестарот на НУ Филхармонија на РСМ, насловен „Звукот на идната генерација“, ќе се одржи во концертната сала на Филхармонија на 9.6.2022 година, со почеток во 20 часот. Диригент е проф. м-р Борјан Цанев. Програмата е составена од следните изведби:
Магдалена Кочоска – постдипломски студии
Ф.Менделсон: Увертира „Хебриди“
Класа: проф. м-р Сашо Татарчевски
Виктор Богоевски – II година додипломски студии
Ф. Давид: Кончертино за тромбон и оркестар – I став
Класа: доц. м-р Димче Белчовски
Анел Селим – IV година додипломски студии
К. Дебиси: Прва Рапсодија за кларинет и оркестар
Класа: проф. м-р Стојан Димов
Памела Велкова – IV година додипломски студии
А. Хачатурјан: Концерт за виолина и оркестар – III став
Класа: проф. м-р Олег Кондратенко
Искра Атанасова Митуш – I година додипломски студии
Ф. Менделсон: Концерт за пијано и оркестар оп.25 бр.1 III став
Класа: проф. д-р Нина Костова
Ивона Базгалоска – IV година додипломски студии
С.Рахмањинов: Рапсодија на тема од Паганини
Класа: проф. д-р Нина Костова
Ана Спасовска – IV година додипломски студии
Ј.Брамс: Унгарски танц бр.1 g-moll
Класа: проф. м-р Борјан Цанев