Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Студентите од студиските програми за балетска педагогија – класичен балет и современ танц учествуваат на Вториот фестивал за класичен балет и современ танц

Објавено на: 15 јуни 2022

Студентите од студиските програми за балетска педагогија – класичен балет и современ танц на ФМУ учествуваат на Вториот фестивал за класичен балет и современ танц кој се одржува во просториите на НУ Национална опера и балет во периодот 14-16 јуни 2022 година. На завршната вечер настапуваат студентите од класите на проф. д-р Соња Здравкова-Џепароска и проф. д-р Искра Шукарова. Како музичка придружба за една од кореографиите е искористена снимката од проектот „Musica Viva за деца“ на којашто композициите од „Младински албум“ на Властимир Николовски ги изведува Даниел Петрески – апсолвент во класата по пијано на проф. д-р Марија Ѓошевска. Настанот се одржува на 16 јуни 2022 година во Салонот на НУ НОБ со почеток во 20 часот.

 

Фотографија (Детски културен центар „Карпош“) од Третата фестивалска вечер: