Објавено на: 13 септември 2022
РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, ПОЛАГАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК ОД УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА
ПРИЈАВУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК ЌЕ СЕ ВРШИ НА 14-ти и 15-ти СЕПТЕМВРИ 2022 ГОДИНА;
РЕШЕНИЕТО ЗА ПРИЕМ НА КАНДИДАТИТЕ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНО НА 23-ти СЕПТЕМРИ 2022 ГОДИНА;
ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 26-ти СЕПТЕМВРИ 2022 ГОДИНА.
Пријавувањето на кандидатите се врши електронски со регистрирање во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на веб страната www.upisi.ukim.mk и со испраќање на електронска пошта на следниов e-mail: upisi-fmu@ukim.edu.mk
Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:
- пријава за запишување (образец А1, се купува во книжарници)
- универзитетски пријавен лист и интерен пријавен лист (испечатени од електронскиот систем)
- оригинални свидетелства од сите класови
- документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
- извод од матична книга на родените
- доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
- изјава за национална припадност (по потреба)
- потврда за уплатa:
- Административна такса во износ од 50,00 денари
- 500 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет или 1000 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети (жиро сметка во прилог).
*Студентите кои претходно биле пријавени и во првиот уписен рок, вршат уплата само за еден предмет за кој се врши проверка на знаењата и умеењата, во висина од 500 денари.
Важни напомени:
- Физичкото доставување на наведените документи за пријавување ќе се врши на датумите предвидени за пријавување на кандидати (14 и15.9.2022 година).
- Распоредот на приемните испити ќе биде објавен дополнително.