Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Рокови за пријавување и запишување на кандидати на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје

Објавено на: 21 септември 2022

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ

НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ – СКОПЈЕ,

ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ОД УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА

 

Рокови за пријавување и запишување на втор циклус студии, во првиот уписен рок од учебната 2022/2023 година:

 Пријавување на кандидатиод 19.9. до 27.9.2022

   *пријавувањето се врши електронски и со физичко доставување на потребните документи

 Запишување на примените кандидати3.10 и 4.10.2022

 

Пред доставување на документите, сите кандидати потребно е да се регистрираат во системот за електронско спроведување на уписи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на следнава веб страна: www.upisi.ukim.mk

 Потребни документи:

  • пријавен лист за запишување на втор циклус студии (се купува во книжарници);
  • електронска пријава испечатена од системот за електронско пријавување;
  • оригинален документ за завршен прв циклус студии - диплома или уверение (странските државјани, задолжително доставуваат и Решение за признавање на високообразовна квалификација стекната во странство, издадена од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија);
  • куса биографија (CV);
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатот има);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи;
  • потврда за уплати на:

-  административната такса во износ од 50 денари (жиро сметка во прилог)

- 3085 денари за пријавување за упис на втор циклус студии на Факултетот за музичка уметност – Скопје (жиро сметка во прилог).

 

По проверката на доставената документација, кандидатите ќе бидат известени дали нивната пријава е прифатена и ќе добијат известување за потребната документација за запишување.

  

Во прилог:

  • Конкурс за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2022/202 година;
  • Жиро сметки за уплати.
Konkurs_II_ciklus_2022-23.pdf Адмиистративна такса.png Пример за уплата.docx