Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Информации за пријавување на кандидати за упис на прв циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во третиот уписен рок од учебната 2022/2023 година

Објавено на: 26 септември 2022

РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ, ПОЛАГАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВА ГОДИНА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ ВО ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК

 

 ПРИЈАВУВАЊЕТО НА КАНДИДАТИТЕ ВО ТРЕТИОТ УПИСЕН РОК ЌЕ СЕ ВРШИ НА 28-ми СЕПТЕМВРИ 2022 ГОДИНА;

 РЕШЕНИЕТО ЗА ПРИЕМ НА КАНДИДАТИТЕ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕНО НА  30-ти СЕПТЕМРИ 2022 ГОДИНА;

 ЗАПИШУВАЊЕТО НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ СЕ ВРШИ НА 30-ти СЕПТЕМВРИ 2022 ГОДИНА.

ПријавувањетонакандидатитесевршиелектронскисорегистрирањевосистемотзаелектронскоспроведувањенауписинаУниверзитетот„Св. КирилиМетодиј“воСкопје, навебстраната www.upisi.ukim.mk исоиспраќањенаелектронскапошта наследниов e-mail: upisi-fmu@ukim.edu.mk

 

Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:

  • пријава за запишување (образец А1, се купува во книжарници)
  • универзитетски пријавен лист и интерен пријавен лист (испечатени од електронскиот систем)
  • оригинални свидетелства од сите класови
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  • извод од матична книга на родените
  • доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
  • изјава за национална припадност (по потреба)
  • потврда за уплатa:

- Административна такса во износ од 50,00 денари

500 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет или 1000 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети (жиро сметка во прилог).

*Студентите кои претходно биле пријавени во првиот или вториот уписен рок, вршат уплата само за еден предмет за кој се врши проверка на знаењата и умеењата, во висина од 500 денари.

 

Жиро сметка ФМУ.docx Број на слободни места за трет уписен рок.docx