Објавено на: 23 мај 2023
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ
Се известуваат студентите од втор циклус студии дека заверката на летниот семестар и пријавувањето на испитите за летната испитна сесија ќе се одвива во периодот од 5.6. до 9.6.2023 година, а полагањето на испитите ќе се реализира од 12.6. до 7.7.2023 година.
Потребни документи:
- индекс
- образец за заверка на семестар
- уплата за рата школарина
- пријави и уплати за испитите кои ќе се полагаат во летната испитна сесија
- студентите запишани на студиските програми по музички науки и балетска педагогија, со пријавата за испит по главен предмет, поднесуваат и 4 примероци од елаборатот за изработка на магистерски труд.