Објавено на: 10 јули 2023
РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА УПИС НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ - СКОПЈЕ, ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК ОД УЧЕБНАТА 20232024 ГОДИНА
Пријавување на кандидати во прв уписен рок – 30.8. и 31.8.2023 година
Проверка на знаења и умеења (приемни испити) - од 1.9. до 6.9.2023 година
*распоредот за приемните испити е во прилог
Објавување прелиминарна ранг-листа - 6.9.2023 година
Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа) – 11.9.2023
Запишување на примените кандидати и доставување на документација за упис – 12.9. и 13.9.2023
Пријавувањето на кандидатите се врши со регистрирање во системот за електронско спроведување на уписи на веб страната www.upisi.ukim.mk и со доставување на следнава документација во одделението за студентски прашања:
- пријава за запишување (образец А1, се купува во книжарници)
- електронска пријава (испечатена од iKnow-системот)
- оригинални свидетелства од сите класови
- документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
- извод од матична книга на родените (оригинал)
- доказ за државјанство на РСМ (оригинал)
- изјава за национална припадност (по потреба)
- потврда за уплатa: aдминистративна такса во износ од 50,00 денари и уплата од 500 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет или 1000 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети.
Електронското пријавување ќе биде активно во месец август.
Во прилог на ова известување може да погледнете:
- Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2023/2024 година
- Испитни барања и програми за приемни испити
- Распоред на приемни испити во првиот уписен рок
- Упатство за електронско пријавување
- Известување за организирање на подготвителна настава
- Жиро сметка за уплата за приемни испити
- Жиро сметка за уплата на административна такса
- Одлука за доделување стипендии на првите 10 кандидати на конечната ранг листа на примени кандидати
Konkurs_I_ciklus_ 2023-24.pdf Барања и програми за приемните испити ФМУ-Скопје 2022.pdf Упатство за електронско пријавување.docx Известување за подготвителна настава.docx Жиро сметка за уплата на приемни испити.doc Жиро сметка за уплата на административна такса.docx stipendii 2023-24.pdf Приемни испити.docx