Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Запишување на примените кандидати за упис на прв циклус студии, во првиот уписен рок од учебната 2023/2024 година

Објавено на: 07 септември 2023

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА

 

 Запишувањето на примените кандидати, пријавени во првиот уписен рок во учебната 2023/2024 година, ќе се врши на 12-ти и 13-ти септември 2023 година, во одделението за студентски прашања.

Потребни документи:

  • индекс и студентска легитимација(уредно пополнети со целосни лични податоци);
  • три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
  • образец за запишување на зимски семестар;
  • образец за потребите на Завод за статистика - ШВ.20;
  • Потврда за уплатена прва рата школарина: 6.150,оо денари (100 евра), за студентите примени во државна квота; 12.300,оо денари (200 евра), за студентите примени со кофинансирање на студиите;
  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
  • Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
  • Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд;
  • Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на следнава жиро сметка

-       цел на дознака:ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност

-       жиро сметка: 100000000063095

-       депонент: НБРМ

-       сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18

-       приходна шифра 723012, програма 41.

 

 

Во прилог може да погледнете:
- Жиро сметка за уплата на школарина/партиципација

- Жиро сметка за уплата на амортизација, студиска програма и библиотечен фонд

- Одлука за доделување на стипендии на десетте највисоко рангирани кандидати

- Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител

 

 

Жиро сметка за уплата на школарина.doc Жиро сметка за уплата на амортизација, студиска програма и библиотечен фонд-page0001.jpg stipendii 2023-24.pdf Конкурс еднородителски.pdf