Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Работилница и конкурс за музичка и балетска критика

Објавено на: 15 јули 2024

Во тек на месеците март, април и мај се одржаа работилници за музичка и балетска критика. Работилницата за балетска критика ја водеше еминентниот балетски рецензент со долгогодишно искуство Емилија Џипунова. Предавањето за музичката критика ги одржа музичкиот рецензент, автор на повеќе книги Тина Иванова. Студентите имаа можност да се запознаат со техниките на пишување, аспектите и начините на анализа на едно музичко/балетско дело, како и најзначајните сегменти кои треба да бидат опфатени во текстовите. По завршување на теорискиот дел се пристапи кон посета на концерт во македонската Филхармонија, односно проследување на балетска претстава. Потоа следеше повик/конкурс на кој имаа право да учествуваат студенти на ФМУ и ученици од средните музички, односно балетското училиште. Пристигнатите критики беа оценети од тричлени стручни комисии во состав:

За балетска критика - Емилија Џипунова претстедател, Наташа Илиевска Таневски и Елизабет Колевска, членови

За музичка критика - Ангелина Димоска-Миташева претседател, Тина Иванова и Весна Малјановска, членови

За музичка критика наградите ги добија следните студенти:

Сара Стојковска, прво место

Марио Немет, второ место

Ангела Иваноска, трето место

За балетска критика наградите ги добија:

Оља Тошиќ, прво место

Теодора Авросиевска, второ место

Ива Шутевска и Теона Ѓуровска, трето место

 

Наградите за балетска критика на добитниците им беа врачени на втората вечер на фестивалот Credence Dance на 4.6.2024.

Наградите за музичка критика беа доделени на Концертот на македонската Филхармонија со учество на студентите на ФМУ кој се одржа на 13.6.2024.