Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Рокови за пријавување на кандидати за упис на прв циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје, во вториот уписен рок од учебната 2024/2025 година

Објавено на: 13 септември 2024

 Рокови за пријавување на кандидати за упис на

прв циклус студии на Факултетот за музичка уметност - Скопје,

во вториот уписен рок од учебната 2024/202година

 

 

Пријавување на кандидати во втор уписен рок – 17.9. и 18.9.2024 година

Проверка на знаења и умеења (приемни испити) - од 19.9. до 23.9.2024 година

         *распоредот за приемните испити ќе биде објавен на 17.9.2024

Објавување прелиминарна ранг-листа - 23.9.2024 година

Објавување решение за прием на кандидатите (конечна ранг-листа) – 25.9.2024

Запишување на примените кандидати и доставување на документација за упис – 26.9.2024

 

Пријавувањето на кандидатите се врши со регистрирање во системот за електронско спроведување на уписи на веб страната www.upisi.ukim.mk и со доставување на следнава документација во одделението за студентски прашања:

  • пријава за запишување (образец А1, се купува во книжарници)
  • електронска пријава (испечатена од iKnow-системот)
  • оригинални свидетелства од сите класови
  • документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  • извод од матична книга на родените (оригинал)
  • доказ за државјанство на РСМ (оригинал)
  • изјава за национална припадност (по потреба)
  • потврда за уплатa:

- aдминистративната такса во износ од 50,00 денари

500 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по еден предмет или 1000 денари за студиски програми за кои се врши проверка на знаењата и умеењата по повеќе предмети

*Студентите кои претходно биле пријавени и во првиот уписен рок, вршат уплата само за еден предмет за кој се врши проверка на знаењата и умеењата, во висина од 500 денари.

 

Електронското пријавување ќе биде активно од 13.9.2024 година.

 

Во прилог на ова известување може да погледнете:

- Конкурс за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2024/2025 година

- Испитни барања и програми за приемни испити 

- Известување за организирање на подготвителна настава

- Жиро сметка за уплата за приемни испити

- Жиро сметка за уплата на административна такса

 

Конкурс-I-циклус-2024-2025.pdf Упатство за приемни испити 2017-2018_28325_719.pdf Известување за подготвителна настава.docx Жиро сметка ФМУ.docx Пример за уплата на административна такса.png