Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Соопштение за запишување на примените кандидати, пријавени за упис на прв циклус студии на Факултетот, во вториот уписен рок од учебната 2024/2025 година

Објавено на: 25 септември 2024

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ВТОРИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА

 

 Запишувањето на примените кандидати, пријавени во ВТОРИОТ уписен рок во учебната 2024/2025 година, ќе се врши на 26-ти септември 2024 година, во одделението за студентски прашања.

 

 Потребни документи:

  1. Индекс и студентска легитимација;
  2. Три фотографии;
  3. ОбразецШВ.20 за потребите на Завод за статистика (се купува во книжарници);
  4. Потврда за уплатена прва рата школарина:  6.150,оо денари (100 евра), за студентите примени во државна квота или 12.300,оо денари (200 евра), за студентите примени со кофинансирање на студиите;
  5. Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација(жиро сметка во прилог);
  6. Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма (жиро сметка во прилог);
  7. Потврда за уплатени 300 денари за библиотечен фонд (жиро сметка во прилог);

      8. Потврда за уплатени 100 денари за запишување и заверување на семестар;

      9. Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј"

 Уплатите под редните броеви 8 и 9 се уплаќаат на следнава жиро сметка:

жиро сметка: 100000000063095

депонент: НБРМ

сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18

приходна шифра 723012, програма 41.

Жиро сметка ФМУ.docx