Објавено на: 03 октомври 2024
По повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи, Амбасадата на Јапонија во соработка со „Silk Road Japan“ и со поддршка на „THE TOKYO CLUB“, Националната галерија, Министерството за култура и туризам и Факултетот за музичка уметност за прв пат во Македонија организира уникатен музички перформанс Гагаку.
Гагаку е најстара јапонска изведувачка уметност, означена како важна нематеријална културна сопственост на Јапонија и е наведена во светот како нематеријално културно наследство на човештвото од УНЕСКО.
Настанот ќе се одржи на 10 октомври 2024 година, во Даут пашин амам.
