Објавено на: 24 јануари 2025
Почитувани студенти,
Во тек е конкурсот за доделување стипендии за студенти и млад научен кадар од сите научни области за следење на курсеви по германски јазик на високообразовни институции во Баварија, Сојуна Република Германија во 2025 година.
Стипендијата за следење на курсевите со физичко присуство ја покрива школарината, сместувањето и оброците. Кандидатите треба се граѓани на РСМ, да имаат најмалку Б1 ниво на познавање на германскиот јазик, да имаат запишано најмалку трет семестар на единицата на УКИМ и да достават уверение со оцени од положените испити.
Крајниот рок за аплицирање е 23 март 2025 година. Останатите детали се објавени на следниов линк: https://www.uni-regensburg.de/bayhost/english-1/bayhost/english/scholarships/language-courses-in-bavaria/index.html
и на фб профилот:
https://www.facebook.com/people/Bayhost/100050878585503/