Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Интерен оглас за обезбедена стипендија „Атанас Бадев“ за втор циклус студии, од областа на етномузикологијата

Објавено на: 31 јануари 2025

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Факултетот за музичка уметност - Скопје за учебната 2024/2025 година обезбеди стипендија за еден студент кој во учебната 2024/2025 година се запишал на втор циклус студии на студиската програма по музички науки и музичка теорија, со главен предмет етномузикологија. 

Стипендијата „Атанас Бадев“ целосно ќе ги покрие трошоците за студирање на најдобро рангираниот апликант. 

Повеќе информации околу роковите и потребната документација за пријавување може да погледнете во прилог. 

Интерен оглас „Атанас Бадев“.PDF