Објавено на: 04 февруари 2025
Запишување на летен семестар во учебната 2024/2025 година,
за студентите од прв циклус студии
Студентите од прв циклус студии имаат обврска најдоцна до 10.2.2025 година електронски да го запишат летниот семестар во Iknow системот и да ги запишат предметите предвидени за тој семестар по следниов редослед: студентот прво ги запишува неположените задолжителни и изборни предмети од претходниот ЛЕТЕН семестар, потоа ги запишува задолжителните предмети за кои остварил услов за запишување и на крај изборните премети од тековниот семестар, но збирот на кредитите од сите предмети заедно не смее да надминува повеќе од 35 ЕКТС кредити.
По запишување на предметите од летниот семестар, студентите ќе имаат можност да извршат и електронско плаќање на семестарот, со тоа што системот ќе пресмета вкупен износ на плаќање, како збир од запишаните кредити во семестарот и останатите административни трошоци за семестар.
Уписот на семестарот во одделението за студентски прашања ќе се врши по студиски години, во следниве термини:
- 6.2.и 7.2. – запишување на студенти запишани пред 2025 година
- 10.2. – запишување на студенти од I година
- 11.2. – запишување на студенти од II година
- 12.2. – запишување на студенти од III година
- 13.2. – запишување на студенти од IV година
Потребни документи:
- Индекс (пополнет со сите предмети од летниот семестар кои треба да се исти со предметите запишани во електронскиот систем);
- Студентите од прва година во индексот задолжително да имаат печат за реализиран систематски преглед.
Студентите кои од одредени причини не можат да извршат онлајн плаќање, може да уплатат вирмански и уплатниците да ги достават во одделението за студентски прашања во утврдените термини. Потребни уплатници:
- Потврда за уплата на прва рата школарина, во зависност од бројот на ЕКТС кредити. Ценатата на 1 ЕКТС кредит за студентите во државна квота изнесува 205 денари, а за студентите од приватна квота цената на 1 ЕКТС кредит е 410 денари.
*Студентите од IV година продолжуваат да плаќаат рати во висина од 100 евра (6.150 денари за државна квота) или 200 евра (12.300 денари за приватна квота).
- Потврда за уплата на 1500 денари за амортизација;
Жиро сметка за уплата на точките 1 и 2:
– Назив на примачот: Буџет на РМ –Факултет за музичка уметност Скопје
– Банка на примачот: НБРМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600104332 788 16
– Приходна шифра и програма: 723013 41
- Потврда за уплатени 100 денари за запишување и заверување на семестар;
Жиро сметка за уплата на точката 3:
– Назив на примачот: Буџет на РМ –УКИМ Скопје
– Банка на примачот: НБРМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
– Приходна шифра и програма: 723012 41
4. Студентите - странски државјани, уплатата ја вршат на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Буџет на РМ –УКИМ Скопје
– Банка на примачот: НБРМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
– Приходна шифра и програма: 723012 41
Студентите кои во летниот семестар немаат обврска за запишување на предмети, потребно е да запишат празен летен семестар и да уплатат само 100 денари за заверка и запишување на семестар.
Во наведените денови за упис, одделението за студентски прашања ќе работи со студенти од 10:00 до 15:00 часот, со пауза од 13 до 13:30 часот.