Објавено на: 05 февруари 2015
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СТУДИРААТ НА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ, ЗАПИШАНИ ВО ОКТОМВРИ 2014/2015 ГОДИНА
Се известуваат студентите од втор циклус студии дека пријавувањето на испитите од зимскиот семестар ќе се врши во периодот од 23.2.- 27.2.2015 година, а полагањето на истите во периодот од 2.3. - 14.3.2015.
По полагањето на испитите, а најдоцна до 20.3.2015, ќе се врши изаверка на зимскиот и запишување на летниот семестар.
Потребни документи за пријавување на испити:
- индекс;
- пријави за испити, со уплата за административна такса;
- пополнет и потпишан образец за полагање на испит по главен предмет - „прилог кон пријава за испит“;
- уплати за испитите:
6150 денари за полагање на испит по главен предмет
3075 денари (по предмет) за полагање на изборни предмети
- испитите од зимскиот семестар задолжително треба да се пријават и во електронскиот сервис Iknow (www.iknow.ukim.edu.mk).
Потребни документи за заверка и запишување на семестар:
- индекс (со оценки од предметите од зимскиот семестар);
- образец за заверка на семестар, со уплата за административна такса;
- образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса;
- уплата за втора рата школарина.
Пример за уплата на школарина
uplata.docx