Објавено на: 09 март 2015
Во наредните три среди со почеток во 19 часот во концертната сала на ФМУ-Скопје ќе се одржат концерти од серијалот "MUSICA VIVA". На концертите на 11 и 25 март ќе настапат студенти од вокално-инструменталните оддели, а на концертот на 18 март ќе настапат студенти од студиските програми на кои пијаното се изучува како задолжителен предмет. На овој концерт тие ќе изведат повеќе пиеси од познатата збирка „Микрокосмос“ на унгарскиот композитор Бела Барток.