Универзитет 'Св.Кирил и Методиј' во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

м-р Снежана Димчевска

Редовен професор

м-р Снежана Димчевска

група предмети од областа на теоријата на музиката

email: snezana.dimcevska@gmail.com

Снежана Димчевска е родена во Скопје.

Средното музичко образование го завршува во Скопје, на инструментот виолончело. Од голема важност, е што истиот го изучува кај светски реномираниот виолончелист и педагог Андре Навара - Франција.

Високото образование го стекнува на Факултетот за музичка уметност во Скопје на наставно-теоретскиот оддел, каде подоцна ги завршува и постдипломските студии.

Во 1981 година, се вработува во  МБУЦ "Илија Николовски-Луј" во Скопје, каде  работи како професор по предметите солфеж и теорија на музиката во основниот и средниот оддел.

Од 1988 година, односно од формирањето на Детскиот хор "Пиколо" при МБУЦ "Илија Николовски-Луј", активно учествува во работата на истиот како втор диригент.

Снежана, учествувала во работата на сите стручни тела во Училиштето.

Активно соработувала со Заводот за унапредување на образованието и воспитанието на Р. Македонија.

Во склоп на Здружението на музичките педагози на Македонија континуирано учествувала во организирањето на републичките и сојузните натпревари на учениците и студентите по музика.

Од општествени активности може да се наведе дека Снежана Димчевска, била: долгогодишен активист на Музичката младина на Р. Македонија,  одговорен професор на Младинската организација при МБУЦ, претседател на Основната организација на Синдикатот при МБУЦ, член на повеќе комисии во МБУЦ, претседател на Организацијата на Црвениот крст на МБУЦ и соработник на Градското собрание на Црвениот крст.

Од 1997 година, Снежана Димчевска работи на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во постојан работен однос,  во сите звања по група на предмети од областа на теорија на музиката, и тоа по предметот солфеж.

Димчевска, постојано учествува на Државните натпревари на ученици и студенти по музика, со свои студенти, и истовремено е ангажирана како член на жири комисија во студентските категории.

Од 2005-2009 година, доц. Снежана Димчевска ја извршува функцијата продекан за настава на ФМУ.

Огласна табла

Оперски гала концерт „Млади оперски надежи-Коста Трпков“! Студенти по соло пеење настапуваат како солисти со оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентско водство на Дијана Илкоска. Понеделник, 12.6.2017, со почеток во 20:00 часот, во салонот на МОБ!

10/06/2017

<< Затвори