Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Запишување на зимскиот семестар од учебната 2024/2025 година за студентите од прв циклус студии

Објавено на: 19 септември 2024

Запишување на зимскиот семестар од учебната 2024/2025 година за студентите од прв циклус студии

 

Почитувани студенти,

Ве информираме дека од оваа учебна година, целосно се укинуваат обрасците за запишување и за заверка на семестар во хартиена форма. Обрасците ќе се генерираат преку студентскиот сервис Iknow.

Сите студенти имаат обврска во периодот од 23.9. до 27.9.2024 година електронски да го запишат зимскиот семестар во Iknow системот и да ги запишат предметите предвидени за тој семестар по следниов редослед: студентот прво ги запишува неположените задолжителни и изборни предмети од претходниот зимски семестар, потоа ги запишува задолжителните предмети за кои остварил услов за запишување од тековниот семестар и на крај изборните премети од тековниот семестар, но збирот на кредитите од сите предмети заедно не смее да надминува повеќе од 35 ЕКТС кредити.

По запишување на предметите од зимскиот семестар, студентите ќе имаат можност да извршат и електронско плаќање на семестарот, со тоа што системот ќе пресмета вкупен износ на плаќање, како збир од запишаните кредити во семестарот и останатите административни трошоци за семестар.

Уписот на семестарот во одделението за студентски прашања ќе се врши во следниве термини:

  • 24 и 25.9. – запишување на студенти во II година
  • 26 и 27.9. – запишување на студенти во III година
  • 30.9. – запишување на студенти во IV година
  • 2.10.  – запишување на студенти запишани пред 2021 година.

Потребни документи 

  • Индекс (пополнет со сите предмети од зимскиот семестар кои треба да се исти со предметите запишани во електронскиот систем);
  • образец ШВ.20 за потребите на Заводот за статистика.

Студентите кои од одредени причини не можат да извршат онлајн плаќање, може повторно сите уплатници да ги уплатат вирмански и уплатниците да ги достават во одделението за студентски прашања во утврдените термини. Потребни уплатници:

  1. Потврда за уплата на прва рата школарина, во зависност од бројот на ЕКТС кредити. Ценатата на 1 ЕКТС кредит за студентите во државна квота изнесува 205 денари, а за студентите од приватна квота цената на 1 ЕКТС кредит е 410 денари. Студентите од IV година продолжуваат да плаќаат рати во висина од  100 евра (6.150 денари за државна квота) или 200 евра (12.300 денари за приватна квота).  

 Жиро сметка за уплата:

– Назив на примачот: Буџет на РМ –Факултет за музичка уметност Скопје

– Банка на примачот: НБРМ

– Сметка: 100000000063095

– Сметка на буџетски корисник: 1600104332  788  16

– Приходна шифра и програма: 723012 41

2.Потврда за уплата на 1500 денари за амортизација;

3. Потврда за уплата на 300 денари за библиотечен фонд;

4. Уплати за презапишување на неположените наставни предмети од зимскиот семестар од учебната 2023/2024 година, по цена на ЕКТС кредит;

Жиро сметка за уплата на точките 2, 3 и 4:

– Назив на примачот: Буџет на РМ –Факултет за музичка уметност Скопје

– Банка на примачот: НБРМ

– Сметка: 100000000063095

– Сметка на буџетски корисник: 1600104332  788  16

– Приходна шифра и програма: 723013 41

5. Потврда за уплатени 100 денари за запишување и заверување на семестар;

6.Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј"

 Жиро сметка за уплата на точките 5 и 6:

– Назив на примачот: Буџет на РМ –УКИМ Скопје

– Банка на примачот: НБРМ

– Сметка: 100000000063095

– Сметка на буџетски корисник: 1600103689  788  18

– Приходна шифра и програма: 723012 41

 

 За непочитување на процедурите и наведените рокови, ќе се наплаќа надомест, согласно Анексот на Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус студии и втор циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

 Во наведените денови за упис, одделението за студентски прашања ќе работи со студенти од 10:00 до 14:30 часот.