Универзитет 'Св.Кирил и Методиј' во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

д-р Александар Димитријевски

Доцент

д-р Александар Димитријевски

група предмети од областа на етномузикологијата

email: acedimitrij@hotmail.com

Доцент д-р Александар Димитријевски е роден во Скопје, 1976 год. Спаѓа во помладата генерација македонски етномузиколози. Тој е првиот доктор по музички науки од областа на етномузикологијата по период од 16 години во Република Македонија. Досега остварил богата и разновидна активност на полето на етномузиколошката, уметничко-изведувачката и педагошката дејност.  

Образование: 

* 2000 год. дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек етномузикологија, во класа на проф. д-р. Ѓорѓи Ѓорѓиев
* 2005 год. магистрирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек етномузикологија, ментор проф. д-р Дитер Рингли (Швајцарија), со магистерската теза "Влијанието на аналогната технологија на снимање врз развитокот на инструменталната етнопоп музика во Македонија во 80-тите години на 20 век"
* 2008 год. докторирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, ментор проф. д-р Димитрије Бужаровски, со докторската дисертација "Музиката во македонските свадбени обичаи во 21 век".

Етномузиколошка дејност: 

Доцент д-р Александар Димитријевски има извршено многубројни етномузиколошки теренски истражувања во повеќе региони од Република Македонија. Својот интерес низ досегашната повеќегодишна етномузиколошка активност го насочува кон повеќе области од македонскиот музички фолклор, почнувајќи од вокалната обредно-обичајна традиција, па се до современата состојба во вокалната и инструменталната практика. Сегашната преокупација во работата му е насочена кон проблемски решенија за  пристапот кон социо-културолошкиот портрет на современото музичко творештво и практика, како континуитет од музичкиот фолклор. 


Поважни објавени трудови: 

*2001 год. За свадбарските обредно-обичајни песни од селата Горно Лисиче и Драчево. Музика год.V, бр.2. Сарајево
*2003 год. За некои аспекти на македонската етно-поп музика. Музика бр.10. Скопје
*2005. Music education of Ethno pop musician in Macedonia. Cultural policy and music education (second Skopje conferenceсе) ИРАМ. Скопје
*2005. The founders of Macedonian ethnopop music - Blagoja Deskoski (1943-) composer and violinist. Reflections on Macedonian music past and future (fourth London conference). London
*2005. The influence of the Analog Recording Tehnology on the Final Prodcut of the Instrumental Ethnopop Music in the 1980c in Macedonian. Skopje.
*2006. Music repertoire Changes in Macdonian Orthodox Wedding customs in the 21st Century. Reflections on the Macedonian music past and future. (XII IRAM Conference) London
*2006. Zivko Frirfov's Role in the Foundation od Macedonian Ethnomusicologists. Cultural policy and music education IRAM Conference. Skopje.
*2007. Dragan Dautovski: Renovation of the Macedonian Folk Instrument Tradition. IRAM Conference . Skopje
*2007. Copyright repertore in contemporary wedding customs in Macedonia. IRAM conference. Skopje
*2008. Музичките состави во свадбените обичаи во Република Македонија во 21 век. Етнологија на пространството (част 1). ОНГÃЛ, том 5, год 5. Софија
*2008. Esma Redzepova and Stevo Teodosievski - Building Unique idiam at the Crossroad of Roma and other Balkan Music Cultures. ICTM (International Council for Traditional Music) – 5th meeting of the study group and minorities. Prague
*2009. Linking the fast with the future - Music in Macedonian WeddingCustoms in the 21th century. Vian Egnatia Foundation Conference. Bitola.

Семинари и научни собири: 

*1999 год. Семинар за менаџмент во областа на културата и уметноста. НГО Мултимедија. Охрид
*2001 год. Музиколошка трибина "Нови млади дискурс о музици", Сараево, Босна и Херцеговина
*2005 год. Cultural policy and music education (second Skopje Conference). Skopje
*2005 год. Reflections on Macedonian music past and future (fourth London conference). IRAM. London
*2005 год. Етномузиколошка конференција Reflections on Macedonian music past and future. IRAM. Zurich
*2006 год. Reflections on Macedonian music past and future (XII IRAM Conference). IRAM. London
*2006 год. Cultural policy and music education. IRAM Conference. Skopje
*2006 год. Јубилеен научен симпозиум "Етнологија на пространството". ОНГÃЛ. Самоков, Р.Бугарија
*2007 год. Researches in musicology and ethnomusicology. XIV IRAM Conference. Skopje.
*2007 год. Researches in musicology and ethnomusicoly. XV IRAM Conference - 60th anniversary of ZAMP. Skopje
*2008 год. ICTM – 5t meeting of the study group Music and miniorities , Prague, Czech Republic
*2009 год. Via Egnatia Foundation Conference. Bitola

Проекти: 

*Од 2003 година е соработник на ИРАМ и е активно вклучен во неговите проекти за дигитализација на македонскиот музички фолклор
*Надворешен соработник на институтот за фолклор "Марко Цепенков"- Скопје во периодот 2001- 2004 год.
*Музички соработник во редакцијата за народна музика на Македонското Радио при МРТ во 2003 год.
*Од 2009 година е член на бордот на Виа Егнатиа Фоундатион и претставник на локалниот огранок во Република Македонија
*Работел на повеќе мултимедијални проекти од областа на музичката уметност во периодот од 2000-2009 година
*Претседател на комисијата за подготовка на годишната програма за 2010 година за областа- центри, домови на културата и фолклор при Министерството за култура на Република Македонија.

Уметничка дејност: 

*Долгогодишна активна изведувачка дејност како инструменталист во повеќе музички состави од различни музички жанрови и остварени преку 200 концертни настапи, аудио-видео снимки како и настапи на МРТ и останатите радио и телевизиски канали
*Дологодишна активна вклученост во фолклорната презентација преку членството во ансамблот за народни песни и ора "Кочо Рацин" од Скопје како раководител на оркестарот; Учествувал на повеќе од 300 концертни турнеи и интернационални фолклорни фестивали во периодот од 1991 до 2009 год во: Австралија, Соединетите американски држави, Канада, Јапонија, Велика Британија, Белгија, Бугарија, Србија, Албанија, Турција, Хрватска, Австрија, Романија, Унгарија, Италија, Франција, Шпанија, Португалија, Швајцарија, Чешка, Полска, Украина и Шведска.

Педагошка дејност: 

*Од 2005 год. е ангажиран на Факултетот за музичка уметност во Скопје како демонстратор на одделот по етномузикологија
*Од учебната 2007-2008 год. е професор и корепетитор по предметите народни ора и балкански народни игри на насоката за традиционална музика и игра во ДМБУЦ "Илија Николовски-Луј" Скопје
*Од 2009 година е избран за доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје каде што предава група предмети од областа на етномузикологијата: Етномузикологија, Етнокореологија, Етноорганологија, Традиционално пеење и Музички фолклор.

Огласна табла

Оперски гала концерт „Млади оперски надежи-Коста Трпков“! Студенти по соло пеење настапуваат како солисти со оркестарот на Македонската опера и балет, под диригентско водство на Дијана Илкоска. Понеделник, 12.6.2017, со почеток во 20:00 часот, во салонот на МОБ!

10/06/2017

<< Затвори