Универзитет 'Св.Кирил и Методиј' во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

д-р Тихомир Јовиќ

Вонреден професор

д-р Тихомир Јовиќ

Група наставни предмети од областите хармонија и полифонија со анализа и теорија на музиката

email: tihojovik@yahoo.com

М-р  Тихомир Јовиќ е роден 1972 година во Скопје, Република Македонија.

Средно музичко образование завршил во МБУЦ „Илија Николовски - Луј” во Скопје, Оддел за музичка теорија и педагогија, во 1990 година.

Дипломира 1996 година на Факултетот за музичка уметност, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на Одделот за музичка теорија и педагогија со насока хорско диригирање во класата на проф. Драган Шуплевски.

Во 2002 година ја одбранил магистерската теза Полифонијата во еден сегмент од инструменталното - оркестарско творештво на Томислав Зографски  на ФМУ - Скопје, Оддел за музичка теорија и педагогија насока полифонија со полифона композиција, под менторство на проф. Стојан Стојков.

Педагошката дејаност ја започнува во 1996 година кога е избран за демонстратор по предметите полифонија и хармонија на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во 2003 година е избран во звањето помлад асистент, а во 2006 година во звањето асистент по група наставни предмети од областа на теоријата на музиката. Во 2009 година е реизбран во истото звање.

Покрај основната педагошка дејност, м-р Тихомир Јовиќ во 1996 година работел и како музички соработник во Македонската радио-телевизија. Истата година бил ангажиран и како професор по предметот Музичка култура во Средното медицинско училиште Панче Караѓозов во Скопје.

Во  моментов е на докторски студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје под менторство на проф. д-р Димитрије Бужаровски, каде што во рамките на програмата за докторски студии му е прифатена експликацијата за докторска дисертација Полифонијата во делата на македонските композитори создадени во периодот од 1960 - 1980 година.