Универзитет 'Св.Кирил и Методиј' во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Соопштение за запишување на примените кандидати од првиот уписен рок, во учебната 2017/2018 година

Објавено на: 25 август 2017

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРИМЕНИТЕ КАНДИДАТИ ОД ПРВИОТ УПИСЕН РОК, ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА

 

Запишувањето на примените кандидати, пријавени во првиот уписен рок во учебната 2017/2018 година, ќе се врши на 29-ти и 30-ти август, 2017 година.

Потребни документи:

  • Образец за запишување на семестар, со уплата за административна такса од 50 денари (се купува во книжарници);
  • Образецза потребите на Завод за статистика - ШВ.20 (се купува во книжарници);
  • Три фотографии (две фотографии со димензии 3,5*4,5 и една со димензии 2*3);
  • Потврда за уплатена прва рата школарина
  • - 6150,оо денари (100 евра), за студентите запишани во државна квота; 
  • - 12.300,оо денари (200 евра), за студентите запишани со кофинансирање на студиите;
  • Потврда за уплатени 1500 денари за амортизација;
  • Потврда за уплатени 500 денари за студиска програма;
  • Потврда за упалтени 300 денари за библиотечен фонд;
  • Потврда за уплатени 750 денари за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на следнава жиро сметка: цел на дознака:ИКСА на УКИМ - Факултет за музичка уметност, жиро сметка: 100000000063095, депонент: НБРМ, сметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18 и приходна шифра 723012, програма 41.

Останатите жиро – сметки (освен погоре наведената од 750 денари која се разликува од останатите) може да ги видите во прилог.

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА:

Се известуваат кандидатите да не купуваат индекси и студентски легитимации, бидејќи истите ќе ги добијат на Факултетот!

 

Жиро сметкa за уплата на амортизација, библиотечен фонд и студиска програма.doc Жиро сметка за уплата на школарина.doc Жиро сметка за ИКСА на УКИМ.jpg

Огласна табла

Call for Papers: 2nd Symposium of the ICTM Study Group on Musics of the Slavic World на ФМУ - Скопје

17/01/2018

Во периодот од 21-25 септември 2018 година,  на Факултетот за музичка уметнос- Скопје,  ќе се одржи симпозиум на Студиската група-музиката во славјанскиот свет, на ICTM. Сите информации за пријавување може да се најдат на  офицјалната страна на ICTM на следниов линк:

https://www.ictmusic.org/group/ictm-study-group-musics-slavic-world/post/call-papers-2nd-symposium-ictm-study-group-musics

<< Затвори

Концерт на Биг бендот и студентите од програмите за популарни жанрови

24/12/2017

Во вторник, 26.12.2017 година, во Event Center Square 21 (поранешен Кино Вардар) во Скопје, со почеток во 19:00 часот, Биг бендот и студентите од програмите за популарни жанрови на ФМУ-Скопје ќе одржат концерт на кој што ќе бидат изведени композиции од доајенот на македонската популарна музика Драган Ѓаконовски-Шпато. Диригент е маестро Кире Костов, а како гости-солисти ќе настапат и Андријана Јаневска, Нико Ѓоргиевски и Кирил Кузманов. Повелете, влезот е слободен!

<< Затвори

Испит од втор циклус студии - Малборе Крајку

12/12/2017

С О О П Ш Т Е Н И Е

На 19.12.201(вторник), со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи одбрана на испит од втор циклус студии од студиската програма по МУЗИЧКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА И КОМПОЗИЦИЈА на студентката МАЛБОРЕ КРАЈКУ.

 

Комисија: 

Проф. м-р Стојан Димов

Проф. м-р Васо Ристов

Проф. м-р Страшо Темков

<< Затвори