Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

ОДРЖАН БОЖИЌЕН КОНЦЕРТ СО ШПАНСКА МУЗИКА

Објавено на: 22 декември 2017

На 20.12.2017 година се одржа Божиќен концерт со шпанска музика на Факултетот за музичка уметност - Скопје. На концертот, во преполната концертна сала, настапија студенти од класите на вонр. проф. м-р Дарко Багески, доц. м-р Борче Наумоски, проф. м-р Страшо Темков, проф. м-р Славица Петровска Галиќ, проф. м-р Зорица Каракутовска, доц. м-р Кристијан Каровски, вонр. проф. м-р Владимир Костов и вонр. проф. м-р Нинослав Димов. Концертот беше во соработка со Шпанската амбасада во Скопје.