Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Свечено одбележан денот од основањето на Факултетот за музичка уметност - Скопје

Објавено на: 11 февруари 2019

На 5.12.2018 година (среда), во Македонската филхармонија се одржа Концерт на Симфонискиот оркестар на Факултетот за музичка уметност – Скопје, под диригентската палка на проф. м-р Сашо Татарчевски, по повод одбележувањето на 52-рата годишнина од основањето на Факултетот. 

На 6.12.2018 година,Денот на основањето на Факултетот, во Концертната сала на Факултетот за музичка уметност – Скопје, се одржа и промоција и свечено доделување на дипломите на дипломираните студенти од прв и втор циклус студии.