Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Учество на годишниот состанок на мрежата GPS GLOBAL PRACTICE SHARING во Њујорк на вонр. проф. д-р. Искра Шукарова

Објавено на: 27 февруари 2019

Од 09.01.2019 до 14.01.2019 вонр. проф. д-р. Искра Шукарова зема учество на годишниот состанок на мрежата GPS GLOBAL PRACTICE SHARING која се одржа во Њујорк. Оваа мрежа подржува соработки помеѓу САД и земји од Источна и Југо-источни Европа. Шукарова досега има реализирано повеќе успешни соработки преку оваа мрежа каде членува од 2013 година. 
 
Како дел од програмата при ФМУ - Скопје, Шукарова преку оваа мрежа реализира:
Гостување при ФМУ-Скопје на Урсула Еагли од Њујорк, гостување на студентите при ФМУ-Скопје на работилница во Дерида танцов центар-Софија со професор Чад Мајкл Хол од Универзитетот во Калифорнија и гостување при ФМУ-Скопје на Чарлс Слендер Вајт и Лијан Бурнс од Сан Франциско.