Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Конкурс за запишување кандидати на трет циклус студии

Објавено на: 13 јули 2020

УПИС НА ТРЕТ ЦИКЛУС СТУДИИ

http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/Konkurs-tret_ciklus_2020_2021.pdf


http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=152&glavno=8


Рокови за пријавување и запишување на кандидатите

Пријавување на кандидатите
14.09. - 28.09.2020

Запишување на кандидатите
26.10. - 30.10.2020


Услови и начин на запишување студенти

Право за запишување на докторски студии имаат лица кои завршиле соодветни студиски програми и кои ги исполнуваат следниве основни услови и критериуми:
 завршен II циклус на студии усогласени со европскиот кредит- трансфер систем (во натамошниот текст: ЕКТС- кредити );
 завршени постдипломски студии на студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем;
 стекната стручна подготовка според студиски програми за регулирани професии, со остварени најмалку 300 ЕКТС-кредити;
 просечен успех од најмалку 8,00 (осум) на прв циклус студии и најмалку 8,00 (осум) на втор циклус студии, односно најмалу 8,00 (осум) за интегрирани студии;
 познавање на најмалку еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски), што се докажува со уверение или сертификат издаден од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за ниво Б2 според Европската јазична рамка на Сoветот на Европа, или со соодветен сертификат за истото ниво издаден од официјален европски тестатор, член на здружението АЛТЕ на европски тестатори. 

Музичка интерпретација и композиција:

- Позитивна оценка за селекција на кандидатот донесена од страна на Советот на студиската програма, на основа на увидот во содржината на прилогот кон пријавата што кандидатот треба да го достави, а кој во зависност од областа се состои од:

За областа видови инструменти:
- ДВД со квалитетен видео и аудио запис на кој што кандидатот изведува слободна програма во траење од најмалку 45 минути. Програмата се изведува на памет, освен кај дувачките инструменти.
- Нема да бидат прифатени и да се земат во предвид записите кои се постари од 1 година, сметајќи од денот на поднесување на пријавата.

За областа соло (вокално) пеење:
- ДВД со квалитетен видео и аудио запис на која што кандидатот изведува слободна програма во траење од најмалку 45 минути. Програмата се изведува на памет.
- Нема да бидат прифатени и да се земат во предвид записите кои се постари од 1 година, сметајќи од денот на поднесување на пријавата.

За областа оркестарско диригирање:
- Портфолио за остварени настапи како диригент на најмалку два (2) целовечерни концерти со симфониски оркестар кои вклучуваат и солисти со времетраење од најмалку 60 минути и еден (1) концерт со вокално-инструментална композиција со времетраење од најмалку 40 минути
- ДВД со квалитетен видео и аудио запис на кој што кандидатот изведува слободна програма во траење од најмалку 45 минути.

За областа хорско диригирање:
- Портфолио за остварени настапи како диригент на концерти со хорска музика и тоа: најмалку два концерти со различна а капела програма со вкупно времетраење од најмалку 80 минути и еден концерт со вокално-инструментална музика со времетраење од најмалку 40 минути. - ДВД со квалитетен видео и аудио запис на кој што кандидатот изведува слободна програма во траење од најмалку 45 минути. За областа композиција:
- Портфолио од композиции со вкупно времетраење од најмалку 60 минути, од кое најмалку 2 композиции за симфониски оркестар.
- Доказ дека дел од композициите се јавно изведени.


Документите се доставуваат во скенирана форма на две електронски адреси:
- првата од електронските адреси е на Школата за докторски студии, која ќе биде објавена на web страната: ukim.edu.mk (е-меил адресата ќе биде објавена на 11.09.2020)
- втората од електронските адреси е на факултетите каде припаѓа студиската програма, која ќе биде објавена на web страната на единицата, како и на web страната: ukim.edu.mk (е-меил адресата ќе биде објавена на 11.09.2020)

Документи за пријавување
Пријавувањето на кандидатите се врши електронски, со испраќање на електронска пошта (e-mail) на двете електронски адреси:
- првата од електронските адреси е на Школата за докторски студии и ќе биде објавена на web страната: ukim.edu.mk
- втората од електронските адреси е на факултетите каде припаѓа студиската програма и ќе биде објавена на web страната на единицата и на web страната: ukim.edu.mk

Во предмет (subject) на електронската пошта, кандидатите ja наведуваат студиската програма за која поднесуваат документи.

Кандидатот кој се пријавува на Конкурсот, ги поднесува следните документи во скенирана форма на двете електронски адреси:

 пријавен лист со назначување на избраната студиска програма за која конкурира;
 писмо за мотивација со назначување на областа на истражување и првична согласност на ментор од листата на ментори;
 кратка биографија;
 докази со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување,и тоа:
- уверение за положени испити од прв циклус студии односно од додипломски студии
- уверение за положени испити од втор циклус студии односно од постдипломски студии
- диплома од прв циклус студии односно од додипломски студии
- диплома од втор циклус студии односно од постдипломски студии
- сертификат/ уверение за познавање на светски јазик
- кандидатите кои своето високо образование, додипломски студии (прв циклус) и постдипломски студии (втор циклус), го завршиле во странство, доставуваат нострифицирани документи, со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување на трет циклус – докторски студии, како и еквиваленција на оценките доколку системот на оценување е различен од Р.С.Македонија.

Кандидатите задолжително ќе добијат автоматска потврда дека електронската пошта е примена (пријавувањето е во периодот од 14.09.2020 - 28.09.2020). 

Документи за запишување
При запишувањето, (од 26.10.2020 – 30.10.2020), кандидатите ги поднесуваат во оригинал сите документи кои ги доставиле преку електронска пошта во скенирана форма и дополнително следните:  индекс и пријавни листови;
 две фотографии (две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 и една со димензии 2 х 3);
 потврда за уплатена прва рата од школарината. Школарината се плаќа на 6 еднакви рати, на почетокот на секој семестар, во денарска противвредност.
При плаќањето на првата рата, 250 евра во денарска противвредност примените кандидати плаќаат на Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на следнава:
- сметка: 160 010 3689 788 18; - приходна шифра и програма: 723012 41; - банка на примач: Народна банка на Република Македонија

Остатокот од износот се плаќа на сметка на Факултетот за музичка уметност (Образец ПП 50: Назив на примачот: Буџет на РСМ, УКИМ- Факултет за музичка уметност-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Сметка на буџетски корисник - единка корисник: 1600104332 788 16 Приходна шифра и програма 723012 41).

 

Изјава за предлог на ментор докторски - интерпретациски дел.doc Изјава за предлог на ментор докторски - теориски дел.doc Изјава за предлог на ментор докторски.doc