Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Зум прослава на 20 години на програмата за Сонологија и Сонологија со мултимедија при ФМУ

Објавено на: 02 октомври 2020

На 1 oктoмври 2020 гoдина се испoлнија 20 години од отворањето на програмата за Сонологија, која подоцна прерасна во Сонологија со мултимедија на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во четвртокот вечерта, во 20 часот, се одржа онлајн свеченост во која учество земаа 39 претставници од сите досегашни генерации кои се образуваа во рамките на оваа програма. Свеченоста ја администрираше проф. д-р Димитрије Бужаровски, основач на програмата, а ја отвори деканот на ФМУ, проф. м-р Живко Фирфов. Меѓудругото, со свои обраќања се вклучија и учесниците во оваа програма, проф. д-р Викторија Коларовска-Гмирја и вонр. проф. д-р Трена Јорданоска. По тој повод беше прикажано следното документарно видео со фотографски и видео материјал: