Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Факултет за музичка уметност - Скопје

Објавена најновата монографија за деветте концерти од проф. д-р Димитрије Бужаровски

Објавено на: 26 август 2021

Димитрије Бужаровски
Девет концерти
Барокно кончертиноMusurgia ecclectica, Концерт за гудачи, харфа и синтесајзер, Концерт за пијано, Concerto grossoНонет концерт, Концерт за труба и гудачки оркестар, Двоен концерт за виолина, пијано и симфониски оркестар, Глич рапсодија

(link to pdf; 83.9 mb)

 

Третата книга за творештвото на Димитрије Бужаровски во која се обработени деветте концерти е објавена во електронско издание и поставена на сајтот http://buzar.mk од каде може бесплатно да се преземе. Во продолжение може да се проследи промотивното видео со содржината на книгата и аудио и видео примери. Во меѓувреме на овој канал беа поставени сите девет концерти, со што овие видеа стануваат комплементарни со читањето на книгата.

Музичките анализи се испреплетени со пократки есеи во кои се опишани животни ситуации на авторот и неговото опкружување. Овие есеи истовремено се сведоштвa за многу личности и настани важни за историскиот тек на македонската музичка култура. Така, во текстот за Musurgia ecclectica е претставена врската со диригентот Ванчо Чавдарски, додека поглавјата за Барокното кончертино, Концертот за гудачи, харфа и синтесајзер, Концертот за пијано, Concerto grosso и Двојниот концерт ја откриваат уметничката соработка на Бужаровски со низа ансамбли и уметници, почнувајќи од Камерниот оркестар на Музичка младина, Камерниот оркестар на МРТ, Меѓународниот симфониски оркестар на Факултетот за музичка уметност, Македонската филхармонија, диригентот Фимчо Муратовски, харфистката Лејла Урманова, виолинистот Љубиша Кировски, челистот Живко Фирфов, диригентот Борјан Цанев итн. Книгата содржи информации за тоа како се набавувани инструментите со кои се оформува инструментариумот за симфонискиот оркестар на ФМУ, како и чембалото во периодот 1995–1999 година, и како е набавувана и инсталирана опремата за студијата по сонологија на ФМУ во 1999 година.